Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки-13 од понеделникот повторно е во болница, па и денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложи.

Објавил: Владо Марин | 22 октомври, 2020 14:38

Боки 13 пак е вратен во болница, одложено рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Фото/Текст извор: ©канал 5/Магазин.мк

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки-13 од понеделникот повторно е во болница, па и денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложи.

Јовановски и претходно беше хоспитализиран, но минатата недела повторно бил вратен во притвор во истражниот затор во Шутка.

Во затворот поминал само два дена кога состојбата повторно му се влошила и пак по прегледите од затворските лекари е вратен во болница.

Нов обид за продолжување на судењето ќе има следната недела, на рочиштетото закажано за 28 октомври.

Освен Јовановски, кој беше претседател на невладината Меѓународен сојуз, обвинети се и поранешната пратеничка Фросина Ременски, таткото на Бојан – Миле Јовановски, асистентката Христина Блажевска и Јасна Мандиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести