
Македонија
Вести
Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски денеска повторно бил донесен во болница поради влошена здравствена состојба, дознава „Република“ од болнички извори.
Според информациите на порталот, Боки во моментов се наоѓа во Градската болница „Св. Наум Охридски“ и му се укажува лекарска нега откако прокрварел поради последици од хируршкиот зафат кој му беше направен пред две недели.

Тој во петокот беше вратен во затворот Шутка, но попладнево состојбата повторно му се искомплицирала.
Се уште е неизвесно дали тој ќе остане под лекарска грижа или ќе биде однесен во Шутка каде нема услови за негова рехабилитација.
Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ треба да продолжи на седми октомври но сега тоа е неизвесно.
За потсетување, Боки на 8-ми септември беше пренесен во болница каде му беше направена операција.
И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми.
Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама и така натаму.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.