понеделник, 23 септември 2019

MK/ EN/ DE



Според информации на порталот Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 11:18

Боки 13 повторно однесен на Клиника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 утринава повторно бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, дознава Курир.

Според  информации до кои дојде порталот на Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Јовановски во Клиника беше и на 5-ти месецов поради болки во стомакот. Тогаш директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева. Второосомничен е Зоран Милески – Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial