Наводно Јовановски не дозволувал да му стават лисици на рацете кога службениците, постапувајќи по правила на службата, требало да го спроведат во судот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 14:14

Боки 13 прави драма во затворот: Дава отпор, не сакал лисици на раце, лаже дека бил нападнат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во изјава за„А1он“ директорот на КПУ „Затвор Скопје“ Есад Рахиќ рече дека Боки 13 прави вистинска драма. Тој ја отежнувал работата на затворските службеници.

Имено тој рече дека не го нападнале Бојан Јовановски при спроводот во судот и покрај неговото објаснување дека доцни оти бил нападнат, објави „А1он“.

Наводно Јовановски не дозволувал да му стават лисици на рацете кога службениците, постапувајќи по правила на службата, требало да го спроведат во судот.

„Прави драма, нема напад. Службениците не смеат глас да кренат на него, а не па нешто друго да направат“, изјави за „А1он“ директорот на затворот Рахиќ.

Рахиќ во изјава за Фокус рече дека не верува дека некој физички го нападнал, бидејќи изминативе седум месеци никогаш немало отстапување од процедурата.

-Информиран сум дека утринава, при обидот да биде спроведен во затворот во Кривичниот суд, Јовановски бил нервозен и давал отпор, односно не дозволувал да му се стават лисици, изјави директорот Рахиќ за “Фокус”, додавајќи дека ова се првичните информации кои ги добил, а дополнително ќе провереле што точно се случило.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...