Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница.

Објавил: Сара Фемина | 29 јули, 2022 14:10

Боки 13 пред операција која има висок ризик од смртност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе му се отстрани желудникот, операција за која има висок ризик од смртност.

Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница.

Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор.

Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, вели хирургот Ефтимов за „А1он“.

Бојан Јовановски е хоспитализиран веќе една недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести