Првоосомничениот во случајот "Рекет", Бојан Јовановски, на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор.

Објавил: Весна Петровска | 3 октомври, 2019 9:07

Боки 13 преку Апелациониот суд бара укинување на притворот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Првоосомничениот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски, на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор, пишува Сител

Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот.

Јовановски е веќе трет месец во притвор како првоосомничен за “Рекет”. Тој се уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителката Вилма Русковска. Побара првин да направи увид во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари, па потоа да ја даде својата одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести