Јовановски има хронични здравствени проблеми со желудникот, а ова не е првпат од затвор да биде префрлан и задржуван на болничко лекување. Адвокатот Дуковски за „А1он“ вели дека Јовановски има здравствени компликации.

Објавил: Мате Парлоф | 26 јули, 2022 12:16

Боки 13 хоспитализиран во болница со влошено здравје, се одлучува дали ќе биде опериран

Фото/Текст извор: ©a1 on

Бојан Јовановски-Боки 13 е хоспитализиран во градската болница „св. Наум Охридски“, дознава „А1он“. Тој е задржан на лекување поради влошена здравствена состојба, потврдува и неговиот адвокат, Сашко Дуковски.

Јовановски има хронични здравствени проблеми со желудникот, а ова не е првпат од затвор да биде префрлан и задржуван на болничко лекување. Адвокатот Дуковски за „А1он“ вели дека Јовановски има здравствени компликации. Ова доаѓа откако тој е префрлен во полоши затворски услови, факт што го констатираше и Народниот правобранител, а што според Дуковски е една од причините поради кои Јовановски сега се наоѓа во болница.

„Тој е лице од ризик во смисла на здравјето, без разлика кој и што мисли. Тој беше префрлен од едно во друго одделение во затворот, каде условите се максимално различни. Но не е само тоа, Јовановски има сериозни здравствени проблеми. Сега, не случајно е хоспитализиран во болница. Му се прават испитувања, а од нив ќе зависи дали ќе биде подложен на хируршка интервенција која е многу веројатна. Тоа треба да го покажат испитувањата. Реално, според Законот за извршување санкции, секој има право на здравствена заштита. Едно да имаш здравствена заштита за да те однесат на преглед, а друго е да тебе те задржат таму и да можеби ти кажуваат дека ќе биде опериран. Е сега, кога ќе бидеш опериран, одлучуваат медицинарите. И само ова ќе го кажам, никој никого не хоспитализира без причина“, вели Дуковски за „А1он“.

Тој кажа дека дијагнозата не е сега поставена, туку станува збор за проблемите со желудникот кој Јовановски ги имаше уште претходно, а поради кои исто така беше хоспитализиран и лекуван во градската болница и порано.

„Уште кога беше во притвор, тој исто беше долго време лекуван во истата болница. Сега не може тоа магично да се излечи. Не можам да зборам за нешто што не е мој домен на работа“, додава Дуковски.

На Јовановски му се потребни хигиено-дитетски услови, посочи Дуковски, а истото стои и во извештајот на Народниот правобранител кој по посети во затворениот дел на затворот.

„Во претходно одделение (полуотворено) можеби делумно ги имаше овие услови, сега ги нема. Ова е резултатот“, посочи адвокатот.

Директорот Шпенд Тахири одлуката за преместување ја донел само четири дена откако беше поставен на функцијата, но ниту на Јовановски-Боки 13, ниту на адвокатскиот тим не им ги кажал причините.

Народниот правобранител констатира дека тој не смее да биде сместен таму поради неговата здравствена состојба. Условите се нехумани, под сите стандарди пропишани со домашното и меѓународното законодавство.

Шпекулациите за преместување на Јовановски-Боки 13 во овој дел на затворот почнаа откако тој се согласи да даде интервју за „А1он“. Адвокатскиот тим на Јовановски се сомневаше дека преместувањето би било реваншизам со кој ќе се овозможи молк и дупла казна.

Директорот на Управата, Марјан Спасовски не одговара на прашањата од „А1он“ како дошло до одлуката Јовановски-Боки 13 да биде сместен во далеку полоши услови од претходно. Оттаму, исто како и од затворот нема официјално објаснување зошто дошло до преместувањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку законот за амнестија се носи по скатена постапка и со европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.

-ВМРО – ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија и за него бидејќи нема европско знаменце ќе мора да се дисктутира по стандардна процедура и тогаш отворено кажуваме дека ќе го блокираме. А, ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле многу пати досега и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце, тогаш ќе побарам од ИК и ЦК на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот, порача денеска од Струмица Мицкоски.


Во обраќањето на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на партијата насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“ тој рече дека сега пред избори власта со Законот за амнестија прави сценарио за слобода на голем број криминалци кои ќе им помогнеле во изборната кампања.

– Ковачевски плаќа висока цена за својата коалиција и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, затоа што самата Влада продуцира неодговорност. Од друга страна, со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики. Никаде во Европа нема терористи да ви убијат пет луѓе, од кои четири деца како што е случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати ќе ги пуштат на слобода со законот за амнестија, рече Мицкоски.

Оддавајќи им почит на секој член на Унијата на ветерани на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека партијата има бурна историја полна со емоции, различни гледишта и дека произлегувале партии и фракции во минатото, но сите подоцна се враќале и повика на обединување.

-Луѓето од власта се свесни дека ќе им се случи народ и ќе им се случи тежок пораз и единствено им преостанаа византиските игри. Па, така пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски. Се состанале за да прикажат дека се единствени и сплотени. Од тоа што се прави ја покажува, всушност, спротивната теза дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало каква било тајна коалиција меѓу ВМРО – ДПМНЕ и Заев, посочи Мицкоски.

Додаде дека упатува порака до Меѓународната заедница за да види што прави оваа Влада, бидејќи државата не постои само за едно прашање-уставните измени, додека многу други теми и прашања важни за народот поминуваат без коментар од нејзината страна.

-Многу е ова важно затоа што многумина во македонското општество ова го потценуваат и многумина денеска се обидуваат да ни кажат дека ако не го прифатите диктатот во кој не сме ни биле учесници, тогаш за нас нема Европа. Навистина жалам што повторно по којзнае кој пат Европа е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот исполнувајќи ги бугарските интереси за жал е заложник на руската политика на Балканот. Македонија и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема од самото формирање до ден денешен, потенцираше Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, која е наследник на историското ВМРО, е пред прагот повторно да го обедини македонскиот народ и граѓаните во Македонија на следните парламентарни избори за историска рекордна победа.

– Имајќи го сето ова предвид мојата порака денеска од овде е не за диктати кои се носат помеѓу корумпирани политичари и тесна група на луѓе. ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за македонско национално единство и е промакедонско, било и ќе биде. А мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател и додека сум, жив нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот, подвлече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

На годинашната конференција на Унија на ветерани на партијата се обратија и претседавачот Мане Јаковлевски и генералниот секретар Сашо Дранго, кои ја искажаа поддршката на претседателот Мицкоски и раководството на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието, ако амнестијата се носи со европско знаменце

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку законот...

Ова ми дојде како дар од Бога! Играта која ми ја направија од СДСМ и олигарски лоби групи беше да добијам повеќе од 12 години затвор, со цел да ме замолчат засекогаш, бидејќи сум сведок на сериозни милионски криминални игри кои ја уништуваат државата – тврди тој.

Ване Цветанов до лани се декларирал како Македонец, па му текнало дека е Бугарин

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и...