На 15 јули 2019, како бомба одекна веста дека менаџерот, кој се претставува и како сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.
Боки 13 заедно со Зоран Милевски – „Кичеец“ се осомничени за кривично делo „Примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.
Во една од последните објавени фотографии на социјалните мрежи Боки 13 го опишал своето расположение, не заборавајќи да го потенцира стилот.
И толку… Другото е веќе познато. Оттаму фотографии имаат само камерите на граница!
Што и да напишам на сликава крив ќе бидам секако, затоа ќе се сликам и ќе си ќутам, демек молчењето е злато, пишуваше Боки 13.
Боки 13-ка со лисици на рацете беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и заврши во затворот во Шутка, откако доби 30 дневен притвор.
Покрај медиумите вријат и социјалните мрежи. Шпекулациите не престануваат, особено, по информациите дека при апсењето со „газда Боки13“ во автомобилот биле и неговите блиски пријатели, инаку познати медиумски личности.
Едниот водител на ТВ шоу во „неговата“ телевизија, а другата уште попозната ТВ водителка на една национална телевизија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.