За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинителството свесно го прекинал распитот на Боки 13 со цел да се прикријат вистинските нарачатели на милионскиот рекет.

Објавил: Весна Петровска | 23 септември, 2019 18:17

Боки 13 ќе се брани со молчење додека не ги види доказите против него во случајот „Рекет“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Обвинителството ја завршило истрагата за случајот Рекет. Вакво известување добил Јовановски кој заедно со својот Адвокат денеска беа на распит кај обвинителката Вилма Русковска. Кратко траеше престојот на Боки 13 во обвинителството за гонење криминал и корупција – почна напладне, а заврши за помалку од еден час, пишува Сител

Неговиот бранител рече дека Јованоски изјавил оти нема да се брани со молчење, но обвинителката Русковска го известила дека истрагата е завршена. Поради ова, Боки 13 одбил да даде исказ. Според адвокатот Дуковски, недозволиво е да се затвори истрагата без да се презентираат доказите кои ги поседува обвинителството.

Бранителот на Боки 13 вели дека ќе го обжалат решението според кое завршила истрагата, а рокот од 15 дена ќе го користат за увид во доказите кои до сега обвинителстовото не им ги презентирало.

За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинителството свесно го прекинал распитот на Боки 13 со цел да се прикријат вистинските нарачатели на милионскиот рекет.

Според обвинителството, и на затворена истрага осомничениот може да има исказ за своја одбрана.

„Обвинителството укажува дека давањето исказ на осомничено лице не е процесно десјтвие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законски утврдениот рок кога се врши увид во доказите“, велат од обвинителството.

За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинителството свесно го прекинал распитот на Боки 13 со цел да се прикријат вистинските нарачатели на милионскиот рекет.

Според владеачката партија, вистината за Рекет ја крие лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку на распит во обвинителството е повикана и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева. Утре напладне таа ќе се соочи со обвинителката Русковска кога како што велат од обвинителството ќе и биде предадено решението за завршената истрага за случајот Рекет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

ЧУЛЕВ: Благодарност до граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период!

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи...

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Кафулињата се отвораат во четврток: Укинат полицискиот час, од утре нема рестрикции на движењето!

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата...