За министерството за здравство и Филипче, идејното решени на сопругот на Фани - Сорос, е најдоброто за нова градска болница во скопски Аеродром

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 8:34

Болницата во Аеродром по проект на сопругот на Фани од „Сорос“

Фото/Текст извор: ©република.мк

Проектантското студио “Радиус архитекти” е добитник на првата награда на конкурсот “Нова градска болница” – Скопје на Министерството за здравство.

Во портфолиото на студиото објавено страницата на социјалните мрежи пишува дека основачи и сопственици на студиото се архитектите Мартин Пановски, Александар Нумчески, Јана Гугуловска – Ѓорѓевиќ и Душица Диновска.

Мартин Пановски, косопственик и основач на архитектонското студи “Радиум архитекти” – Скопје.

Студиото на актуелниот претседател на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, Мартин Пановски, сопруг на Фани Пановска – Каранфилова, извршен директор на Фондацијата „Отворено општество Македонија“, сопственост на Џорџ Сорос, одговорило на строгите критериуми на конкурсот расиишан од Министерството за здравство.

“Идејниот проект треба да предвиди градба на градска болница со максимална висина од 18 метри, односно таа ќе има приземје и четири ката. Сообраќајниот пристап до болницата е решен од два крака односно од булевар „Васко Карангелевски“ и булевар „Јане Сандански“.

Новата Градска болница треба да имплементира еден нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој.” стои во соопштението.

Договорите за откуп на авторски права за доделување на наградите за изработка на идејно решение за нова градска болница во општина Аеродром ги потпиша министерот Венко Филипче на 7-ми месецов и објави фотографии како ќе згледа болницата која треба да се гради на зеленилото кај Мајчин дом во Аеродром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...