Како што објави Телма, болницата имала финански годишен план, но непланирата експанијза на пандемијата го изела буџетот. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 11:18

Болницата 8-Септември пред финански колапс – ФЗОМ им должи пари за 13.000 пациенти лекувани со Ковид-19

Фото/Текст извор: ©телма.мк

Директорот на 8-септември Христијан Костов ексклузивно за Телма открива дека  цели шест месеци болницата сама набавувала скапи терапии со антибитоци, правела илајдници снимки, а сега не е во можност да ги набави ниту основите материјали за нормално функционирање. Открива дека направени се 12.000 прегледи на болни од Kовид-19 и над 2.000 излекувани и починати пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот ковид центар во земјава. 

Ккао што изјави директорот Костов, до сега ниту еден пациент кој бил заболен од корона вирус не платил ниту денар од свој џеб, а товарот ќе го сноси здравство. Тој посочи дека минситерот Венко Филипче воопшто не е запознаен дека најголемиот ковид центар е во финансика криза.

Како што објави Телма, болницата имала финански годишен план, но непланирата експанијза на пандемијата го изела буџетот. 

Од Фондот за здравство експресно реагираат на изјавите на директорот Костов дека болницата рапсолага секој месец со најмалку 100 милиони денари, кои во претходните месеци биле трошени за потребите на ковид пациентите. Зголемување на буџетот на болницата ќе има.

ФОНДОТ ГО СЛЕДИ РАБОТЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ И КАЈ СЕКОЈА КОЈА ЌЕ ДЕТЕКТИРАМЕ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА ТОГАШ ГО МЕНУВАМЕ БУЏЕТОТ И ИМ ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ ДОГОВОРЕНИОТ НАДОМЕСТОК. 8-СЕПТЕМВРИ ЌЕ ДОБИМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ, изјавија од Фондот за Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...