Бразилскиот претседател Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против вирусот корона.
Тој во видео објавата на социјалните мрежи во четвртокот вечерта рече дека Конгресот нема да донесе декрет за воведување на задолжителна вакцинација и дека нема да се бара тоа од граѓаните.
“Јас тоа нема да го прифатам. Тоа е мое право”, рече Болсонаро, пренесува Ројтерс.
Тој, исто така, уште еднаш изрази сомнеж за ефективноста на носењето маска и имплицираше дека има малку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.
Додека пак водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале, да се вакцинираат веднаш штом вакцината е достапна.
Долгогодишниот директор на Националниот институт за алергија и заразни болести изјави дека нема причина да се верува оти вакцината може да им наштети на оние кои веќе имале Ковид-19.
„Не мислам дека тоа треба да биде причина за загриженост“, рече Фаучи, охрабрувајќи ги Американците да се вакцинираат кога вакцината ќе е подготвена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.