Но не, некој очигледно има потреба постојано на Заев да му повладува, да му се додворува, да го турка во живиот песок кога ќе зацапа, наместо да се потруди да го извлече. На прав пат, нели…

Објавил: Валерија Петрова | 4 ноември, 2019 17:36

БОМБА: За да избегне „црно сценарио“, странка во „Рекет 2“ месечно му плаќала на Дончев рекет преку „човекот со брада“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Како што најави, новинарот Бранко Героски објави детали од аферата Рекет 2, во која министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗОМ Ден Дончев заради остварување лична корист ја оневозможиле продажбата на „Диамед“ на шведска фирма, со што спреличе странски инвеститор да вложи 11 милиони евра во Македонија.

Пренесуваме дел од колумната на Героски.

На прав пат – напред во живиот песок!

Пред околу две недели, среде драмата околу датумот, запрашан зошто не врти бројчаникот кој требаше да ги покажува вратените украдени пари од Македонија во Македонија, Зоран Заев ме изненади, спомнувајќи ги оние 11 милиони евра замрзнати на сметките на македонската компанија „Диамед“, легално заработени од продажбата на бизнисот со дијализа на угледната шведска компанија „Диаверум“. Ги спомна кутриот Заев, во надеж некого да убеди дека токму тие пари ќе го придвижат бројчаникот кој никогаш и не проработе, чиј механизам одамна за’рѓа, на општо разочарување на народот, на кого му беа ветени правда и мир.

Илустрација за РЕКЕТ 2

И сѐ ќе беше во ред со таа изјава, а истовремено и ништо немаше да биде во ред, доколку Заев беше обвинител, истражител или Шерлок Холмс. Но, Заев не е ништо од сето тоа и тој нема право да ја коментира истражната постапка за овој случај, а камоли да го прејудицира нејзиниот исход. Да беше обвинител или човек кој барем малку се разбира во правото, Заев ќе знаеше, или можеби ќе научеше, дека има голема, суштинска разлика меѓу тоа средствата за кои зборува да бидат замрзнати (како сега), од тоа да биде конфискувани и така изборајни на неговиот глупав бројчаник. Конечно, да се потрудеше Заев барем малку, онака „неформално“, да се информира како стојат нештата со оваа истрага, Заев можеби ќе дознаеше дека засегнатиот продавач го оспорил актот за замрзнување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а неговата апликација е прифатена, што вообичаено е сигнал дека апликантот сериозно може да се надева на успех.

Нејсе, имајќи разбирање за нервозата и фрустрацијата на Заев, кој безмалку секој ден ја забавува македонската јавност со неодмерени изјави и гестови (после кои следат и оние неискрени извинувања), решив овој очигледен притисок на премиерот врз истрагата да го премолчам. Си реков, ај добро, се случува човек да претера, можеби некој понормален и поупатен од таа булумента советници со кои е опкружен, ќе го посоветува премиерот во иднина сериозно да внимава на изјавите што можат да се протолкуваат како негов јавно манифестиран ангажиран однос кон истражните и судските постапки.

Но не, некој очигледно има потреба постојано на Заев да му повладува, да му се додворува, да го турка во живиот песок кога ќе зацапа, наместо да се потруди да го извлече. На прав пат, нели…

Во офсајд за „Рекет“, во офсајд за „Рекет 2“

Па така, неодамна, на прашање на пратеникот Антонио Милошоски во врска со аферата „Рекет 2“, Зоран Заев ќе изјави дека порано бизнисот со дијализа го држеле Орце Камчев и бившиот кум на Никола Груевски, Ристо Новачевски, „кои инкасирале повеќе од стотици милиони евра од оваа зделка“. „Стотици милиони евра разлики во цени се извлечени, затоа сè што имате како индиции слободно да извадите. Кој се извалкал кршејќи закон, ќе си одговара. Кој направил штета врз државниот буџет, ќе си одговара“, ќе се закани Заев во таа прилика.

Да се изнесе аподиктичен суд директно од собраниската говорница, за случај кој е во истрага, од страна на премиер кој е највисок претставник на извршната власт, која не смее да се меша во работата на правосудните органи, значи не само елементарно непочитување на системот на поделба на власта, не само обид да се изврши влијание врз истрагата од позиција на политичка моќ, туку и нешто многу пострашно – тоа значи дека премиерот се обидува лично да ја менаџира истрагата во сите нејзини фази, што е поведение за кое сигурно ќе биде жестоко опоменат од нашите европски партнери.

Но ете, кога веќе толку е заинтересиран што се случува со истрагата за „Рекет 2“, еве јавно ќе споделам некои информации што за премиерот можат да бидат од интерес. Така, како што неофицијално дознавам, засегната странка во случајот дала исказ во Јавното обвинителство и во таа прилика навистина станало збор за некакви пари. Големи пари. Но, не за оние пари на кои се надева Заев. Туку за парите што засегнатата изрекетирана странка редовно, уредно, на месечно ниво, ги исплаќала под притисок, за нормално да течат исплатите од здравствената каса за услугите за дијализа. И не само заради тоа – странката изјавила дека морала да плаќа рекет, за да не им се случи „црн сценарио“, што наводно Ден Дончев им го најавувал преку посредник. Зборуваме, значи, за пари кои завршувале во нечиј џеб, за редовни исплати при што како посредник се јавувал „човекот со брада“. Неофицијално дознавам дека засегнатата странка го посочила и идентитетот на „човекот со брада“, изјавувајќи дека станува збор за влијателно свештено лице, кое често може да се види во високи кругови на естаблишментот.

Ете му материјал на Заев за некоја друга препирка, ако веќе толку обожува да се меша во истраги и обвинителски работи. Јас сепак мислам дека е најдобро и тој и сите други луѓе со политичко влијание и моќ, а особено луѓето од извршната власт, да ги остават Јавното обвинителство и истражителите спокојно и самостојно да си ја вршат својата работа, да ги истражуваат наводите до кои доаѓаат, да собираат докази, да ја утврдуваат вистината. Се сеќавам, кога во јуни оваа година го отворив случајот „Рекет“, исто вакво јавно предупредување упатив до другарот Заев, кој беше запнал по секоја цена да ја брани „невиноста“ на обвинителката Катица Јанева (се сеќавате после кога ја смени плочата, нели), како и да одрекува било каква одговорност на луѓе од својата партија за скандалот (пред сѐ тука мислам на Фросијна Ременски). Не мина долго време, а Заев беше принуден да го смени мислењето, сфаќајќи дека се обидувал да поентира од позиција која била длабок офсајд. Јас мислам дека и сега, со својата упорност да го одбрани чуварот на здравствената каса, од една очигледна злоупотреба на службената положба и овластувања, Заев трча побрзо од топката, шиба во офсајд и веројатно еден ден ќе мора да ги смени и своите искази за Ден Дончев.

После сѐ, не разбирам зошто Заев толку безглаво ризикува, зошто повторно се обидува да игра „ол ин“ без адути во ракавот и зошто воопшто се плетка во работи кои не се негов прерогатив. Зошто не може да каже – простете, јас сум премиер, а прашањата што ги поставувате се однесуваат на истражна постапка, обратете се кај надлежните органи. Начинот на кој Зоран Заев се обидува да „дисеминира“ наводи за криминални и корупциски зделки потсетува на начинот на кој тоа го прави Зоран Буревесник Божиновски. Но, еден контроверзен новинар може да си земе таква слобода, да изнесува аподиктични судови, да „пресудува“ практично, да ги интерпретира фактите слободно, понекогаш и пристрасно. Но, првиот човек на една влада не може да си дозволи такво поведение.

За која позиција сега се натпреварува кутриот Заев, што сака да биде тој после овие избори? Премиер? Обвинител? Шеркол Холмс? Или Зоран Буревесник Божиновски?

Целиот текст ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Пендаровски агрументите ќе ги стави пред Макрон – ќе успее ли нашиот претседател да ја убеди Франција дека згреши во одлуката?

Стево Пендаровски денеска ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон. Пендаровски...

„Мал Шенген“ е иницијатива што ветува, изјави вчера во Женева специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер.

Мафијашите се во нашите редови- судиите се заштитени криминалци

Европскиот воз оди на спореден колосек. Дали во Скопје пристигнува евроскептицизмот? Зошто...

Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, која12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

Георгиески на трибина: Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, ни оставија блокирана сметка

Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана...

-Во 2014та кога бевме побарани за кандидати ни беше поставено прашањето дали сме спремни да гласаме за промена на името. Тоа беше услов. Јас одговорив потврдно, рече Исмајлоска.

ПРОДОЛЖУВА ПРИТИСОКОТ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ: Исмајлоска и Рангелова со трагокомични изјави(ВИДЕО)

По гласањето, ја интензивирав комуникацијата со Нола, зошто сметав дека немавме искрен...