Во најновиот број на неделникот ФОКУС

Објавил: Узунов Бобан | 23 септември, 2019 12:35

БОМБА НА АЛИ АХМЕТИ: Се манипулира со системот за избор во Академијата за судии и обвинители !

Фото/Текст извор: ©fokus.mk/магазин

Во најновиот број на неделникот ФОКУС лидерот на ДУИ и коaлиционен партнер на СДСМ во Владата Али Ахмети и самиот ги потврди наводите дека се манипулира системот за избор на кандидати на идни судии и јавни обвинители.


 ФОКУС: Во овој период се случи предавањето на предметите на СЈО. Во една прилика изјавивте дека најголемите македонски партии треба да решаваат за иднината на СЈО. Зошто на некој начин се дистанцирате, нели мислите дека и вие имате предлози за да се воспостави правен систем на Македонија во Македонија ? 

Ахмети: Ние сме за владеење на правото, ние сме за тоа во оваа земја да се спроведе ветинг, да ви кажам многу отворено..

 ФОКУС: Ќе прифати ли ветинг Владата ?

АХМЕТИ: Еве колку нас ни функционира правниот систем…Кај мене има многу жалби само за последниот случај за Академијата за обвинители, како е манипулиран системот за избор на кандидати. Не знам дали има злоупотреби, но кај мене има многу жалби од кандидатите дека системот е злоупотребен и дека се внесени луѓе по препорака. 

ФОКУС: Зборувате за последниот избор на кандидати за Академијата за обвинители. Дали тоа прашање го покренавте во Владата ?

АХМЕТИ: Јас ова прашање го покренав со меѓународната заедница затоа што меѓународната заедница тука инвестираше многу, со подготовка на кадри и со реформи..Како може ние да манипулираме со системот за избор на кандидатите…Јас немам факти, но кај мене стигнаа десетина кандидати кои изјавија дека системот за избор на кандидатите е манипулиран.

Што се однесува до прашањето за СЈО и за законот за јавно обвинителство имаше разлики помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ние сме си изјасниле дека за разликите кои вие ги имате, прашањата кои вас ве тангираат, дека треба да седнете и да се договорите. Во принцп, тоа што се однесува до СЈО и Јавното обвинителство, ние ќе бидеме дел од тие преговори и дел од процесот. Но, за овие разлики кои се меѓу вас и не не тангираат нас, тогаш седнете и договорете.


Магазин во два наврати пишуваше за можноста за злоупотреба на системот за електронско полагање под капата на Драги Рашковски, при прием на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители како и за одредени лица кои биле фаворизирани при полагањето, а важат за блиски лица до владејачката СДСМ и судии и обвинители кои важат за блиски до власта. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Но, настанот не помина толку свечено како што очекуваа. И тука се соочија со незадоволството на македонските граѓани, револтирани од неработата на централните и локалните власти.

НАРОДОТ НЕ МОЖЕШ ДА ГО ИЗЛАЖЕШ: Се огласи Мицкоски за случајот “ДА НЕ МЕ ГЛАСАШ НИКАД“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов пред некој ден се појави на настан за...

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор...

Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција...