
Македонија
Вести
Иако јавноста претпоставуваше дека во финалната фаза за промена на името нема да биде проблем за премиерот Заев дека ќе обезбеди 80 пратеници да се преименуваме во Северна Македонија, албанските политички партии Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами го условуваат гласањето. Но се само Албанците кои го условуваат гласањето.
Според наши извори од владејачката СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ вчера барала средба со Заев, не добила и токму поради тоа е причината што не се појавила во Собрание. Наводно побарала некоја позиција плус во извршната власт, како услов да го даде својот конечен глас за Уставни измени.

Истиот извор не информира дека Елизабета Канчевска Милевска не е одлучена дали ќе гласа, бидејќи не е сменет членот 353 од Кривичниот Законик, врз основа на кој Канческа има обвиненија за злоупотреба на службена положба и овластување. Ветувањата на Заев дека преку измени на Кривичниот законик Канческа ќе добие амнестија не биле доволни за да се убеди да гласа за уставните промени. За ваквата недоверба помеѓу Заев и Канческа магазин претходно пишуваше. 
Двајцата пратеници од БЕСА на Касами бараат државјанството да биде само “на Република Северна Македонија” без македонско како придавка. На што е подговтвен премиерот Заев да отстапи и која правна акробација ќе биде измислена останува да видиме ?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.