Значи, на сè, околу 500 милиони луѓе во Кина го забележале апелот на српскиот претседател во кои беа испратени дури 100 000 пораки.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2020 15:33

БОМБА: 500 милиони Кинези го погледнаа видеото од Вучиќ со пораката до кинескиот претседател!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Видеото, во кое Вучиќ прогласи вонредна состојба, особено оној дел каде очекува помош од Кина за лекови, опрема и лекари, доби неверојатна популарност во таа земја.

Првата тема ја прочитаа 330 милиони луѓе и беа испратени 72.000 пораки. Втората тема ја погледнаа 130 милиони и беа испратени 26.000 пораки.

Значи, на сè, околу 500 милиони луѓе во Кина го забележале апелот на српскиот претседател во кои беа испратени дури 100 000 пораки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако прогласи вонредна состојба, рече дека побарал помош од кинескиот претседател Си Џипинг, гарантирајќи му го вечното пријателство со малата Србија.

Народната банка на Србија (НБС) на чело со гувернерката Јоргованка Табаковиќ денеска ќе ги објави конкретните мерки во врска со одложување на плаќањето кредити.
Централната банка во текот на денов ќе ги соопшти сите детали и ќе одговори на прашања во врска со тоа на кого ќе се однесуваат мерките.

Претседателот на Србија рече дека ќе побара од комерцијалните банки мораториум, односно одложување на отплата на кредитите на три месеци, а министерот за финансии Синиша Мали утрово изрази очекување дека Народната банка на Србија ќе излезе со мораториум за отплата на заемите. Според него, овие мерки треба да важат и за правни и за физички лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.