
Македонија
Вести
Јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата заврши на 3 декември, а името на избраната компанија се очекува да биде познато во наредните неколку денови.
Во трка се над двесетина фирми, меѓу кои и фирмата ЕДС која до неодамна беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега сопственост на грчкото државно електростопанство.
Економски Лидер дознава дека функционери на власта се обидуваат да го наместат токму ЕДС за универзален снабдувач, кој ќе снабдува над 700.000 домаќинства со струја, а со тоа овој милионски бизнис оди во рацете на Грците.
Снабдувачот ќе биде своевидно привилегиран во однос на другите фирми на пазарот бидејќи ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години.
Анѓушев ја продаде оваа своја компанија во екот на преговорите за името со Грција, за сума од близу 5 милиони евра, сума која ја изненади и македонската, но и грчката јавност, посебно затоа што грчката компанија не е во најликвидна состојба.
Па оттука легитимно се поставува прашањето, дали зад зделката стоело и ветување дека доколку грците ја купат ЕДС истата ќе биде фирмата која ќе биде универзален снабдувач со струја за над 700.000 домаќинства во државата и со тоа ќе го земе овој бизнис тежок стотици милиони евра?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.