Тој повторно бил на лекување по што бил пуштен од болница во Болоња. Оваа вест дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, денес ја напушти болницата Сент Орсола предизвика радост во семејството но и кај сите негови фанови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 17:24

Борбата со леукемија влегува во нова фаза- болницата во Болоња откри во каква состојба е Синиша Михајловиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Минатата година веста дека познатиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија го потресе светот .

Тој повторно бил на лекување по што бил пуштен од болница во Болоња. Оваа вест дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, денес ја напушти болницата Сент Орсола предизвика радост во семејството но и кај сите негови фанови.

„Г-н Михајловиќ утрово беше отпуштен од хематолошкиот институт, откако резултатите по неговиот третман беа добри“, се вели во соопштението од болницата „Сент Орсола“.

Михајловиќ е роден во Вуковар, СР Хрватска, во близина на границата со СР Србија. Тој бил одгледан и израснат во Борово Насеље, во семејство од работничка класа на татко од Босна и мајка хрватица.Самиот тој се идентификува како Србин, но исто така изјавил дека и Хрватска ја смета за својата земја. Неговиот татко Богдан (п. 2011) бил возач на камиони, додека неговата мајка Викторија била работник во фабрика за чевли.Тој има помлад брат, по име Дражен (р. 1973).

Лекарите на Синиша рекоа дека неговата здравствена состојбата  е „многу добра“.

Михајловиќ се бори со леукемијата откако му беше дијагностицирана минатото лето.

Синиша во болницата во Болоња беше донесен минатиот месец, на 28, ми јануари поради неопходна антивирусна терапија.

Како што само четири дена по хоспитализирањето на Михајловиќ беше објавено во медиумите, тој боледува од акутна миелоидна леукемија или малигна болест на крвта, односно на коскената срж.

Оваа болест може да се излекува, но сепак првите пет години се најкритични.

Синиша Михајловиќ е српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. Во моментов ја води екипата на Болоња.

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола[1], а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А заедно со Андреа Пирло (28).

По завршувањето на играчката кариера работел како помошен тренер во Интер до 2008 година. После Интер, работел како главен тренер и ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Трагедијата се случила во Гвадалупе, кога фудбалерот Џoнатан Г. го удрил а потоа и го бутнал на теренот  62-годишниот судија Хуан Ернандес.

Вистински хорор во Мексико: Фудбалер убил судија среде натпревар (ФОТО)

Вистински хорор се случи во Мексико, откако еден фудбалер го уби судијата на сред натпревар.  Трагедијата...

За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јулидо сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

ВЕМБЛИ Е МНОГУ МАЛ! Рекордни 28,3 милиони барања за влезници за Европското првенство 2020!

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) соопшти дека до сега добил околу  28,3 милиони барања...

Веќе беше најавено сплотување и обединување на македонските навивачки групи, поради историската шанса која е пред Македонија. Навивачите на Вардар, „Комити“ веќе направија настан на Фејсбук и детална организација на денот и заедничко упатување кон стадионот.

„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите – за Македонија!

Репрезентацијата на Македонија го игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во...