Владата во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2ри Август – Денот на Републиката, информира за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“.
Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2ри Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит на хероите кои ја обележаа нашата историја.
За 2 Август Сиљановска во Пелинце и Прохор Пчински, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје
Претседателот на државата, Гордана Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот Свети Прохор Пчињски и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава.
-Со слоганот „Борбата трае“ сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци, информираат од Владата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.