
Спорт
Свет
Актуелниот светски шампион во тешка категорија, Енди Руиз, ќе заработи 12 милиони долари за борбата со Британецот Ентони Џошуа, која е закажана за утре во Ријад, С. Арабија.
Денеска организаторите на настанот ги објавија високите приходи кои ќе ги имаат двајцата боксери од големиот спектакл, кој е реванш на дуелот кој овие двајца го имаа во јуни оваа година.

Интересно е што приходот на Џошуа ќе биде 88 милиони долари, што е за 7 пати повеќе, од она то треба да го заработи актуелниот бранител на титулата во верзиите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.
Исто така, вкупните приходи на организаторите на натпреварот ќе бидат 125 милиони американски долари, вклучувајќи 30 милиони долари од Саудиска Арабија, 50 милиони долари од продажба на тв-права, 25 милиони долари од стриминг услугата DAZN и 10 милиони долари од спонзори.
Вториот дуел меѓу Руиз и Џошуа ќе се одржи утре во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
„Ми недостасуваат шампионските појаси. Долго време не ги држев во моите раце. Секако, ќе се поздравам со Рузи пред борбата, но веднаш штом ќе се огласи почетниот гонг, ќе му ја откинам главата“, изјавил Џошуа за британските медиуми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.