Нови избори на северот од Косово и обезбедување учество на Србите во нив

Објавил: Македонка Димкин | 1 јуни, 2023 23:42

Борел со три услови до Приштина: Нови избори, учество на Србите и ЗСО, без тоа ќе има последици по нашите односи

Фото/Текст извор: ©магазин

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел вечерва изјави дека во разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Косово, Вјоса Османи, биле поставени три барања –

нови избори на северот од Косово и обезбедување учество на Србите во нив, како и започнување со работа на формирање на Заедницата на српски општини, наведувајќи дека во спротивно ќе има сериозни последици за односите со Унијата.

-Седев со Вучиќ, разговарав со Османи, за опасната ситуација на Косово заедно со Емануел Макрон и Олаф Шолц, напиша Борел на Твитер.

Наведе и дека биле изнесени три јасни барања.

-Нови локални избори, обезбедување учество на косовските Срби на нив и започнување со работа за формирање Заедница на општини со српско мнозинство во дијалог со поддршка на ЕУ. Ако не го направите тоа, ќе има сериозни последици за нашите односи, рече Борел.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...