Препукувања во ЕУ

Објавил: Калина Мартинска | 6 јули, 2024 11:39

Борел: Унгарскиот премиер нема мандат од ЕУ за посетата на Москва, Орбан му врати дека бирократските бесмислици не донеле мир во Украина

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби никаков мандат од Европскиот совет да ја посети Москва, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Орбан отпатува во Москва во посредничка мисија за Украина, рече неговиот секретар за печат.

Унгарскиот премиер рече оти сака да ги убеди и Киев и Москва дека „треба да минат долг пат заедно кој може да заврши со прекин на огнот и мировни преговори“. Но, Борел истакна дека „ставот на ЕУ за агресорска војна на Русија против Украина се гледа во многу заклучоци на Европскиот совет“.

„Тој став исклучува официјални контакти меѓу ЕУ и претседателот Путин. Унгарскиот премиер затоа не ја претставува ЕУ во било кој облик“, рече Борел.

Во соопштението се наведува дека посетата на Орбан на Москва е исклучиво во рамки на билатералните односи меѓу Русија и Унгарија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека „смирувањето нема да го запре Путин“.

„Само единство и одлучност ќе го утврди патот кон сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“, порача Фон дер Лајен.

Унгарија, која се противеше на санкции на ЕУ кон Русија, во понеделникот го презеде ротирачкото претседавање со Европската Унија во наредните шест месеци.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва објави дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша:

„Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…“, напиша Орбан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...