Борисов истакна дека се потребни реформи во Западен Балкан кои ќе помогнат за стабилноста и развојот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 11:05

Борисов: Бугарија ги поддржува напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос истакна дека Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов присуствува на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос

Борисов истакна дека се потребни реформи во Западен Балкан кои ќе помогнат за стабилноста и развојот.

-Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ. Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер. „Бугарија, заедно со Република Северна Македонија од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес“. Двете земји го презедоа овој одговорен ангажман како природно продолжение на постигнувањата за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и вадењето на процесот на европската интеграција на Западен Балкан во преден план на политичката агенда на Унијата.Приоритетите на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес се порзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието, рече Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Србија и Косово потпишаа декларација со намера за воспоставување железничка линија меѓу Белград и Приштина, како и за завршување на изградбата на автопатот меѓу двата града.

Србија ќе го признае Косово?

Србија и Косово потпишаа декларација со намера за воспоставување железничка линија...

Се прашувате кој е Стане Доланц? И, како тој всушност владеел со Југот? И каква врска имал со Аркан?

Бил шеф на Аркан и негов ментор, од него се плашел и Тито- запознајте го вистинскиот владетел на СФРЈ

Во раните 80-ти години опозицијата го запомни по неговите чистки, бидејќи тој, како министер...

Екстрадицијата на 43- годишниот Доброслав Гавриќ се очекува во најскоро време, а ќе се обави во стога тајност, и со засилени мерки за претпазливост. По него ќе биде испратен специлано обучен тим на Министерството за внатрешни работи на Србија, а сите претходни детали ќе бидат договорени преку националните бироа на Интерпол. Во земјата од која побегна пред 14 години ќе биде вратен со редовна авиокомпанија.

Убиецот на Аркан тајно ќе биде екстрадиран во Србија- еве во кој затвор ќе “лежи” Гавриќ

Се уште се чека на потписот на министерот за правда на Јужна Африка, за екстрадиција...