Најважното е Бугарите да излезат и масовно да гласаат“, рече Радев, објаснувајќи дека тоа е начинот за да се формира „енергична, предвидлива и легитимна влада“.

Објавил: Владо Марин | 12 јули, 2021 6:08

Борисов и Трифонов израмнети- никој нема мнозинство за влада

Фото/Текст извор: ©DW

Излезните анкети од парламентарните избори во Бугарија покажуваат израмнет резултат на партијата на бившиот премиер Бојко Борисов и на протестната партија на Слави Трифонов.

Ни вторите вонредни парламентарни избори во само три месеци не донесоа јасен победник во Бугарија. Излезните анкети по неделните избори покажуваат дека Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов се речиси израмнети во резултатот.

Прогнозите се дека обете партии ќе обезбедат меѓу 21 и 24 отсто од гласовите на изборите кои беа одбележани со ниска излезност, и дека никој нема да има мнозинство во длабоко поделениот парламент.

Првичните проценки се дека на изборите излегле меѓу 34 и 38 отсто од гласачите, далеку под 50% колку што гласаа на априлските избори. Аналитичарите велат дека броењето на гласовите на Бугарите во странство може да се покаже клучно за исходот на изборите. На трето место се Социјалистите кои освоиле меѓу 13,5 и 15,1 проценти од гласовите.

Претседателот Румен Радев во текот на денот апелираше до своите сограѓани масовно да излезат на гласање, но излезноста остана ниска.

Најважното е Бугарите да излезат и масовно да гласаат“, рече Радев, објаснувајќи дека тоа е начинот за да се формира „енергична, предвидлива и легитимна влада“.

Во новиот парламент влегуваат уште две протестни партии кои произлегоа од повеќемесечните протести против корупцијата во земјата и владата на Борисов: тоа се десничарската Демократска Бугарија со околу 13% освоени гласови и Исправи се!Мафија надвор со околу 5 проценти.

Во идниот парламент ќе биде застапена и партијата на Турците- ДПС која освоила нешто помалку од 12%.

На потенцијалната коалиција на протестните партии предводени од ИТН на Трифонов би и недостасувале најмалку 10 пратеници за да формираат влада. Трифонов веќе најави дека не сака да биде премиер на новата влада, но и дека нема да прифати коалиција со ГЕРБ или со социјалистите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност кон вакцините и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

СЗО следи нов сој на коронавирусот, наречен „му“

Светската здравствена организација (СЗО) следи нова мутација на коронавирусот, наречена...

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција...

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на заразени во регионот и натаму расте

Во голем број земји во регионот, бројот на новозаразени со корнавирусот продолжува...