
Македонија
Политика
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес објави дека му порачал на македонскиот премиер Зоран Заев дека земјата е секогаш подготвена да им помогне на своите најблиски пријатели и соседи.
Тоа го објави на својот Фејсбук откако Заев му се заблагодари за подготвеноста да помогне во набавката на вакцините, пренесува БТА.
“Ситуацијата е доволно тешка и мора да покажеме поддршка и солидарност едни кон други. Животот е важен за сите и нема да штедиме на сите напори да ги зачуваме”, рече Борисов.
Во вторникот, министрите за здравство на Бугарија и Македонија, Костадин Ангелов и Венко Филипче, потпишаа писмо со намера да обезбедат вакцини против ковид-19, а Филипче на својот Фејсбук напиша дека Бугарија ќе издвои дел од секоја пратка што ја доби од производителот и ќе ја испрати во Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.