Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.

Објавил: admin@magazin | 28 март, 2021 14:55

Борисов: Ќе предложам да испратиме 5.000 вакцини идната седмица во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини. Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за Република Македонија, изјави вчера бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.

Борисов, кој ја даде изјавата за време на увидот на градежните работи на модернизацијата на компресорска станица „Лозенец”, изрази и уверување дека Бугарија во април ќе добие над милион вакцини.

На аеродромот во Скопје денеска пристигнаа 24.000 дози вакцини на производителот „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот.

Со нив вакцинацијата треба да започне в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.