Брегзит без Договор ?

Објавил: Узунов Бобан | 29 август, 2019 11:39

Борис Џонсон го суспендира британскиот Парламент, дел од политичарите овој потег го сметаат за државен удар?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Лажната војна заврши, почнува вистинската битка за брегзит, забележува „Политико“ откако британскиот премиер Борис Џонсон покрена суспензија на Парламентот, скратувајќи го времето на пратениците да ја блокираат можноста за брегзит без договор.

По летните превирања и шпекулации, одлуката на Борис Џонсон од кралицата Елизабета Втора да побара да ја прекине работата на Парламентот на месец дена, што таа ја одобри, предизвика шок во Вестминстер.

„Одлуката на премиерот е невнимателна и противуставна“, рече за „Политико“ поранешниот јавен обвинител, Доминик Грив, конзервативец кој се противи на брегзит.

Парламентот ќе биде суспендиран на пет недели, кои завршуваат непосредно пред 31 октомври, датумот кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Политичарите од обете страни на дебатата за брегзит овој потег го карактеризираат како државен удар.

Џонсон сака новата парламентарна сесија да почне од 14 октомври. Со толку малку време до 31 пратениците тешко ќе успеат да спречат Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор, пренесува Би-би-си.

По доаѓањето на Џонсон на премиерската функција преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ „запнаа“ на т.н. бекстоп, кој е еден од аранжманите во спогодбата за излез на земјата од блокот.

Со овој аранжман во договорот се предвидува Велика Британија по истапувањето од сојузот да остане дел од заедничката царинска унија со ЕУ сè додека не се најде решение за проблемот со границата меѓу ЕУ-членката Ирска и Северна Ирска, која ѝ припаѓа на Велика Британија.

За ваквото решение Џонсон смета дека е недемократско.

Ако работите одат според очекувањата на новиот премиер, парламентот ќе почне со работа две и пол недели пред крајниот рок за Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Меѓутоа, доколку пратениците изгласаат недоверба пред 10 септември, односно пред да биде суспендирана работата на Парламентот, во октомври би можело да има општи избори.

Анализирајќи дали брегзит ќе има и во случај на избори, Би-би-си наведува дека доколку победат конзервативците, тогаш ќе има. Тие веќе се во предност со околу 31 процент во анкетите, откако Борис Џонсон во јули ја презеде премиерската функција од Тереза ​​Меј.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нивниот татко бил незнабожец, а мајка им била христијанка по име Теодотија. По смртта на нивниот татко, нивната мајка се погрижила да ги воспита своите деца во духот на Христовата вера, учејќи ги на постојано служење на Христа.

Утре е голем празник- се слават светците Козма и Дамјан заштитници на лекарите

Светите Козма и Дамјан беа бесребреници и чудотворци и браќа по тело....

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот – информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.

ОБНОВЕНО: Детали за приземјувањето на владиниот авион

Детали за принудно слетувањето на владиниот авион. Капетанот на владиниот воздухоплов...

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Владиниот лирџет заврши во хангар откако принудно слета на скопскиот аеродром

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери...

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

МОЖЕ ДА УМРЕ ЗА 15 МИНУТИ: Влошена здравствената состојба на Боки 13,му откажал левиот бубрег

Влошена е здравствената состојба на првоосомниченипот за случајот Рекет, Бојан Јовановски,...