Борис Џонсон реди порази

Објавил: Узунов Бобан | 10 септември, 2019 7:54

Борис Џонсон реди порази, во Парламентот по втор пат одбиен за предвремени избори

Фото/Текст извор: ©магазин

Нов пораз му нанесоа британските парламентарци на премиерот Борис Џонсон откако отфрлија барање за превремени избори на 15 октомври. Со само 293 гласови „за“ далеку од неопходните две третини во Парламентот со 650 места, пратениците отфрлија синоќа по вторпат за изминатите пет денови предлог на Џонсон.

Пред гласањето шефот на Владата рече дека нема да бара ново одлагање на брегзит предвиден за 31 октомври и покрај тоа што вчера во сила влезе закон кој го предивидува тоа. Со тој текст премиерот треба да побара од ЕУ одлагање ако не се постигне договор за напуштање на 19 октомври.

Вчерашната седница во Долниот дом   беше последна пред прекинот на работата на Парламентот за пет недели по одлуката на Џонсон. Таа ќе остане запаметена и со ненадејната одлука на претседателот на Долниот дом, Џон Баркоу кој поднесе оставка по 10 години на функција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...