Џонсон побара од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“, рече неговиот портпарол.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 април, 2020 10:41

БОРИС ЏОНСОН СЕ УШТЕ Е НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА: Водеше тешки политички борби, сега се бори против Коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина ноќта на интензивна нега во една централна лондонска болница откако се влошија неговите симптоми на корона вирус. Даунинг стрит објави дека Џонсон бил преместен на одделение за интензивна нега по совет на неговиот медицински тим и му била укажана „одлична грижа“, пренесува Би-Би-Си.

Џонсон побара од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“, рече неговиот портпарол.

Премиерот беше примен во болницата „Свети Томас“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради компликации предизвикани од коронавирус. Премиерот беше примен во болницата „Свети Томас“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

Британскиот премиер не е на респиратор и сè уште е на интензивна нега, изјави министерот Мајкл Гов.

Гов за британските медиуми изјави дека владата ќе издаде официјално соопштение доколку се смени состојбата на Џонсон.

Џонсон, според Гов, добил терапија со кислород, но не е на респиратор и е под постојан надзор на лекар во болницата Свети Томас во Лондон.

Кралицата Елизабета е информирана за здравјето на премиерот, пренесува Бакингемската палата.

Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за Џонсон.

Би Би Си известува дека Џонсон добил терапија со кислород вчера попладне, пред да биде однесен на интензивна нега.

Тој бил преместен од претпазливост за да може да се ставина респиратор кој ќе го преземе процесот на дишење доколку има потреба.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ким зборуваше на партиската средба за вирусот корона, додека Северна Кореја ги затвори границите и воведе карантин пред шест месеци.

КИМ СЕ ПОФАЛИ СО УСПЕХ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Детално го планиравме спречувањето на вирусот!

Водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун го поздрави „големиот успех“ во борбата против...

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Пожари на грчките острови Евија и Крит

Големи пожари избија вчера на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително...

Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

ОТКРИЕНА ВРСКА МЕЃУ КОРОНАВИРУСОТ И ЦИГАРИТЕ: Пушачите ова мора да го знаат!

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат 18% од хоспитализираните пациенти со коронавирус. Светската...

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

СЗО ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Пандемијата е се повеќе присутна, придржувајте се до мерките за заштита!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум...