Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Објавил: Сара Фемина | 7 јуни, 2022 3:10

БОРОВНИЦА- Лек против шеќерна болест, ја запира почетната фаза на карцином

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Боровница — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната. 

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Листовите од боровинки помагаат во случај на создавање на одредени киселина, повраќање, грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.

Чај од листови од боровинки не смее дасе пие без надзор. Листовите се сушат во тенеки слоеви во сенка или во рерна на 40 степени. Прелиени со жешка вода, го ублажуваат воспалението на бешиката и на мочните канали. Гнојните афти кај мали деца ефикасно се лекуваат со исцеден сок од од свежи млади листови на боровинки. 

За плакнење на грлото се користи необработен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит.
Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.

Од зрели плодови боровинки се подготвува посебно екстракт од кој се прават таблети кои поволно вилајаат на острината на видот. Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.
Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук.

За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контролаа на дијабетес итн.

Состав: Исушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и ќилибарна киселина, пектин, витамин Ц, каротен…. Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.

ГРОЗЈЕ – природен лек за чистење на крвта

Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно...