
Македонија
Сообраќај
Авиолинијата Софија – Скопје започнува редовно да сообраќа од 27 март, со што отвораме нови можности за нашите граѓани, изјавија денеска од Скопје министрите за транспорт на Македонија и Бугарија, Бочварски и Сабев.
Владина делегација на Македонија, предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а во придружба на делегација од Бугарија составена од министерот за транспорт, Николај Сабев и за министерот за туризам, Христо Проданов, како и тур-оператори од Бугарија денеска со првиот лет слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје.
На средбата во Клуб на пратенци, покрај претставниците на владите на двете држави присуствуваа и претставници на тур-операторите од Македонија и Бугарија.
На средбата покрај воспоставување на редовната авиолинија, се разговараше и за зголемување на туристичката понуда.
„Денеска на мое големо задоволство можам да најавам дека авио-линијата Скопје – Софија ќе започне активно да лета од 27 март, оваа пролет. Заедно со колегите од Бугарија и со тур-операторите донесовме значајни одлуки за туризмот и за економијата на двете земји. Нашата соработка е на високо ниво и така ќе продолжиме и во наредниот период. Со заеднички заложби и решенија отвораме нови можности за нашите граѓани, но и придонесуваме за развој и раст на економијата.“ – изјави по работната средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој додаде дека оваа средба е силна порака со која се покажува силната волја за инфраструктурниото поврзување меѓу двете земји.
Министерот за инфраструктура на Бугарија, Николај Сабев истакна дека со денешната средба на тур-операторите на двете земји се воспоставија нови врски во развој на економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој најави изградба на преостаниот дел од патниот правец до граничниот премин Клепало.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.