Министерот додаде дека во овој момент се градат 574 социјални станови во седум општини за кои дел ќе завршат оваа, а дел другата година.

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 јануари, 2021 15:58

Бочварски: Годинава започнуваме со изградба на преку 200 социјални станови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За оваа година во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор  планираме изградба на 5 нови згради со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани, истака министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која заедно со директорот на АДССДП, Кристијан Трајковски, информираа за динамиката на изградба на социјални згради во општините. 

“Очекуваме до крај на овој месец во Велес да се отпочне со изградба на зграда со 29 станови, а оваа година ќе почнеме со изградба на дополнителни 173 станови за Пехчево, Дебар, во Сарај и во Кочани.

Во меѓувреме се проектираат и социјални згради во Штип и Прилеп. Наша обврска е да создаваме услови сите ранливи семејства да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот.  И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот додаде дека во овој момент се градат 574 социјални станови во седум општини за кои дел ќе завршат оваа, а дел другата година. 

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект. 

“Разговарваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините.  Исто така сакам да потенцирам дека акционерското друшто гради и станови со комерцијална намена по пазарни цени кои се достапни за граѓаните и овозможуваат конкурентски услови”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување на сила важи постојниот Правилник.

Нема веќе бесплатни пластични кеси, ги укина владата

Владата денеска соопшти дека од 1 декември 2021 година (среда) стапува на сила обврската...

Сопственикот на „Беса транс“ бил втор возач во еден од автобусите, а во разговор со Русковска бил дециден дека во автобусот немало резервни канти со гориво како и пиротехнички средства. Врз основа на информациите од бугарските колеги таа како неточни ги опишува и шпекулациите дека во автобусот имало и материјали за изработка на хероин

Русковска за „Топ тема“: Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор над резервоарот

Сопственикот на „Беса транс“ бил втор возач во еден од автобусите, а во разговор со...

Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.

СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ХАЏИУ ЗА БНТ: ВО АВТОБУСОТ НЕМАШЕ ЗАПАЛИВИ МАТЕРИИ, ТУБИТЕ БЕА СО ВОДА

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ вели дека автобусот пред...