На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 март, 2021 8:18

Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион.  Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при вчерашната работна посета во општина Ресен. 

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој. 

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти. 

“ Инфраструктурата во Преспанскиот регион е многу значајна и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание. Во тек е проектирање на обиколница околу Ресен, многу значаен проект со кој ќе помогнеме околу сообраќајот низ градот. Очекувањата се дека оваа година ќе заврши проектирањето и веднаш ќе го ставиме проектот во програмите на ЈП за државни патишта. Уште еден значаен проект е гасификацијата. Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

И во услови на ковид криза, општина Ресен заврши многу капитални проекти, потенцира градоначалникот Живко Гошаревски.
“Автопатското решение од Прилеп кон Битола како и изградбата на обиколница Ресен се два значајни проекти како за економскиот развој така и за туризмот. Јас на министерот му ги образложив сите наши проекти и визии и се согласивме дека со поддршка на Владата сме на добар пат да ја разбудиме заспаната убавица Преспа”, истакна градоначалникот Живко Гошаревски.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, од 21-ви мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.

ТАВ НАЈАВУВА: НОРДВИНД ЕРЛАЈНС ОТВОРА РЕДОВНА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – МОСКВА

ТАВ НАЈАВУВА: НОРДВИНД ЕРЛАЈНС ОТВОРА РЕДОВНА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – МОСКВА Авиобилети...

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет....

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...