Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2021 13:15

Бочварски: Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Во однос на втората фаза, од Дреново до Фаришка клисура, градежните работи ги презема компанијата Синохидро. Прогресот на градежните работи до сега е 35%, а инвестицијата е вредна 32 милиони евра.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Рустеми заедно со градоначалниците од Прилеп, Градско и Росоман, денеска извршија увид во изградба на првата фаза кај Градско.

„Од денеска засилуваат градежните активности за изградба на овој експресен пат, проблемите со старите изведувачи за првата и втората фаза се надминати, избрани се нови изведувачи и ги уверуваме граѓаните на Прилеп и Пелагонија дека за две години од денеска ќе возат по модерен и безбеден експресен пат. Вкупната инвестиција е 64,5 евра.

Знаеме колку им е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголема безбедност во сообраќајот, заради развој на Пелагонија и регионот и уверуваме дека работиме со сите напори овој патен правец да го финишираме.“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека активно се работи на подготовка на документацијата и за проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Очекуваме тендерот да се распише до крајот на 2021 година.

На денешниот настан свое обраќање имаше и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Експресниот пат Градско – Прилеп е поделен на 3 делници. Делницата Градско – Дреново е со должина од 15,5 км. Предвидени се 5 вијадукти/мостови, 4 надпатници, 4 подпатници и две клучки кај Градско и Росоман. Содржи две возни ленти од 3,5 метри, две ленти за застанување од 2,5 метри и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12,4 метри.“ – изјави Рустеми.

Директорот на ЈП за државни патишта нагласи дека за многу краток време ќе започне и рехабилитацијата на третата лента на превојот Плетвар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

– Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изменет сообраќаен режим денеска во Скопје

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 09 до 14 часот ќе има...

Воедно, до 20 септември на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост поради изведување градежни работи (асфалтирање) собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид На патниот...

На Самитот министерот Бочварски ја потпиша Декларацијата за подобрување на квалитетот и брзината на услугите на железничката мрежа преку проширување на транс-европската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ.

Бочварски од Самитот на железници во Белград: Работиме на регионално унапредување и модернизација на железницата

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски учествува на Меѓународниот самит...