На Самитот министерот Бочварски ја потпиша Декларацијата за подобрување на квалитетот и брзината на услугите на железничката мрежа преку проширување на транс-европската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 септември, 2021 13:36

Бочварски од Самитот на железници во Белград: Работиме на регионално унапредување и модернизација на железницата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски учествува на Меѓународниот самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржува во Белград, Република Србија.

На Самитот министерот Бочварски ја потпиша Декларацијата за подобрување на квалитетот и брзината на услугите на железничката мрежа преку проширување на транс-европската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ.

Со Декларацијата земјите од Западен Балкан се обврзуваат на воспоставување на директни железнички конекции помеѓу големите градови, на дигитализација на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување размена на податоци за прекуграничен превоз на стоки и патници, на развој на интелигентни транспортни системи и воведување на мултимодални јазли, како и намалување на несреќите преку модернизација на железничките премини до крај на 2025 година.

Наша заедничка цел е железничкиот транспорт да биде подеднакво развиен како и во земјите на Европската Унија и да биде признат и препознат како побрз, безбеден и еколошки транспорт.

Од нас се очекува да продолжиме да работиме како што работевме и во претходниот период. Ќе потенцирам дека завршувањето на реформите во железничкиот сектор, зајакнување на човечките капацитети, одржување на постојната мрежа, безбедноста, како и новите инвестиции, се клучен елемент за подобрување на сегашната состојба.

Морам да спомнам и дека на Коридорот 10 направени се рехабилитации на неколку делници со што брзината ја подигнавме до 120 километри на час. На тој начин работиме на кохезија со железничките системи во регионот.“ – изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Во рамки на Самитот директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец, потпиша Меморандумза разбирање со железниците од земјите од Западен Балкан, со кој железничките компании се обрвзуваат да работат на унапредување на железничката мрежа и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Меѓународниот самит е дел од иницијативата на Европската унија во рамките на глобалниот настан „Година на Железницата“ посветена на развој и модернизација на железничкиот сектор.

Како дел од овој настан, вечерва на Железничката станица Скопје пристигнува Европскиот воз со кој се промовира железничкиот транспорт како најбезбеден и најекономичен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

– Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изменет сообраќаен режим денеска во Скопје

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 09 до 14 часот ќе има...

Воедно, до 20 септември на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост поради изведување градежни работи (асфалтирање) собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид На патниот...

Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

Бектеши: Со реализација на инфраструктурни проекти во сите општини ќе го подобриме животот на граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим...