Тој, заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот.

Објавил: Стојче Бушин | 29 јануари, 2021 16:23

Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година започнуваме со постапка за  изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово. 

Тој, заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот. 

На средбата, покрај другите проекти што се реализираат во општина Тетово,  министерот Бочварски потенцираше дека во програмата на ЈП за државни патишта за оваа година предвиденио е изработка на студија за изградба на нов автопат од Гостивар кон Тетово.  

„Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.  

Министерот Бочварски најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово. 

Во првиот тендер од Светска банка што веќе е завршен, општина Тетово аплицираше за реконструкција на две улици и тоа Гоце Делчев и Гоце Стојчевски. Договорот е потпишан со изведувачот, во овие неколку недели ќе се прават подготвителни работи и многу брзо ќе почнат со реализација. Вредноста е 22 милиони денари за двете улици”, изјави министерот Бочварски.

Оваа година во програмата на ЈП за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на патниот правец Тетово – Џепчиште, додаде министерот. 

За општина Тетово, овие проекти се од огромно значење заради локалниот економски развој на општината. 

„Разговаравме за проекти што се многу важни за граѓаните во општинта, за урбаниситичките планови за развој на општиниата и други проекти  со што веруваме дека со нивна реализација го подобрувам квалитетот на живот на нашите граѓани”, изјави Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”.

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10...

Резултатите од тестот треба да бидат на еден од следните јазици: англиски, француски, германски, италијански или шпански. Барањето за тест не се однесува на деца до 6 години!

УБАВА ВЕСТ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Од 13-ти јуни слободно патување во Германија

Согласно најновата одлука на властите на Германија, Република Македонија повеќе не...

Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми, истакна министерoт Бочварски.

Министерот Бочварски во Неготино најави силен инфраструктурен развој на општините

Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување...

Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции!

Од инфраструктурно заостаната земја, Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура за граѓаните

Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните...