До сега, преку ЈП за државни патишта, изградени и рехабилитирани се вкупно 11 мостови на државни патишта а во овој момент активно се работи на три мостовски конструкции.

Објавил: Перо Милчин | 22 јануари, 2021 17:34

Бочварски: Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година планирани се преку 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Не чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. 

Слободно можеме да заклучиме дека градежништвото заедно со сетот на економски мерки што ги донесе Владата, успеавме да го амортизираме големото влијание од здравственета криза и како резултат на тоа успеавме да ги зачуваме работните места во градежните компании. Ни претсоти долга градежна сезона каде инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме.

Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а  со стартот на градежната сезона започнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта, согласно динамиката предвидена со завршените тендерски постапки” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи. 

Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот. 

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, истакна дека реконструкција на мостот е значајна инвестиција на ЈП за државни патишта која се реализира после педесет години. 

„Јавното претрпијатие за државни патишта од својот буџет издвои 1,9 милиони евра и минатата година на почетокот на јуни започна со санација на мостот. Досега комплетно се санирани 4 средни столба, а на 3 столба во моментов се врши санација. Исто така, паралелно се работи на зајакнување на двата главни и попречните челични носачи се врши таканареченото пескарење на носачите, зајакнување на одредени делови и нивна анти корозивна заштита“, изјави  директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. 

До сега, преку ЈП за државни патишта, изградени и рехабилитирани се вкупно 11 мостови на државни патишта а во овој момент активно се работи на три мостовски конструкции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...

Спасовски истакна дека за овие три и пол години се реконструирани 54 објекти, додека во моментов интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти, и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен, Полициското одделение Ростуше во Општина Маврово – Ростуше и Војничкиот клуб во Касарна Илинден за потребите на Специјалната антитерористичка единица – Тигар.

Спасовски: Реконструирано полициското одделение во Дојран, продолжуваме со подобрување на условите за работа на полицијата

„Со оваа работна посета имаме за цел непосредно да се увериме во она што за нас е од...