Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар.

Објавил: Сара Фемина | 28 февруари, 2021 7:47

Бочварски-Реџепи: Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година завршуваме со изградба на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.

Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар. 

Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, до сега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.  

Министерот Бочварски потенцираше за огромното значење на гасификацијата на држвата од апсект на заздравување на економијата, намалување на аерозагадувањето како и поевтин енергенс за граѓаните и компаниите. 

Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници а воедно да отпочнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот и затоа ги охрабрувам, ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисниици. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава,  имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативн оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конкеторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.

Надминати се сите состојби со експропријација на земјиштето, најтешките предели се изградени, добрата вест е дека полесниот дел од трасата оваа година ќе се заврши вклучувајќи ги двете мерно регулациони станици и седумте блок станици.  Со тоа ќе се овозможи пристап до преносниот систем на гас и заедно со диструбутивниот систем да се опслужуваат корисниците. Оваа година започнуваме и постапка за изградба на интеконекторот со Грција, исто така оваа година завршуваме со физибилити студија за поврзување со интеконекторот со Косово и очекувам наредната година да проектираме и конечно нашиот преносен систем да го користеме за да пренесеме гас до нашите северни соседи. Исто е и со конекторот со Србија, заеднички ќе аплицираме до Инвестицискиот фонд на Западен Балкан за физибилити студија и проектирање”,  изјави директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...