За една година од денес ќе бараат да се донесе нов Закон за Јавно обвинителство!

Објавил: Стојче Бушин | 11 февруари, 2020 6:48

БОЈАЏИ: Кој нормален човек во ова земја има потреба од тој закон за Јавно обвинителство?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кој нормален човек во ова земја има потреба од тој закон за Јавно обвинителство? На кој нормален човек се однесува тој закон за Јавно обвинителство?
Прочитајте го и кажете ми со што, на кој начин и како тој Закон видно ќе го подобри животот на 100, и словом: сто луѓе во Македонија а да не се работи за политичари или криминалци?!

Драги мои, општо земено, сосема, ама сосема ми е неразбирливо зошто толку отпор за нешто толку очигледно и бесмислено!?

Тие, оние што се нарекуваат Европа и Америка, решиле да ни донесат некој Закон за кој и мало дете може да разбере дека им е потребен – единствено на нив самите!
Кој нормален човек во ова земја има потреба од тој закон за Јавно обвинителство?

На кој нормален човек се однесува тој закон за Јавно обвинителство?

Прочитајте го и кажете ми со што, на кој начин и како тој Закон видно ќе го подобри животот на 100, и словом: сто луѓе во Македонија а да не се работи за политичари или криминалци?!
Овој нивен Закон драги мои не се однесува на нас!
Овој закон треба да се прифати со 120 гласа за, затоа што е бесмислен како и сите други закони донесени во ова земја во изминатите 3 децении а биле предложени или истуркани милом или силом од таканаречената “меѓународна заедница“!
Исто како што беа донесни сите “фатални и за нас и нашата иднина толку важни“ договори, платформи и спогодби! Исто како што ќе ги донесат сите идни, само за нив и нивните скапи буржуаски и мазни газови потребни договори, спогодби, закони и устави!
И за 6, и словом: шест месеци истите тие Европа и Америка и нивните домашни трабанти ќе излезат со заеднички став дека овој сега толку важен и совршен Закон за Јавно обвинителство кој “ќе ги реши сите наши проблеми и ќе го отвори патот кон евро-атлантските перспективи“ – не е добар, не чини и треба да се замени со нов, многу подобар!
Притоа, ќе не обвинат:
Дека ние сме го донеле тој закон за Јавно обвинителство!
Дека ние сме го напишале толку лошо!

Дека ние со нашето брзање и незнаење сме виновни за овој лош Закон!
Дека ние сме беден народ што не слуша, не почитува и не прифаќа ништо во што тие се убедени дека е единствено и само за наше добро.

За една година од денес ќе бараат да се донесе нов Закон за Јавно обвинителство!
И се така во круг, наредните 30 и словом: триесет години!
Има ли чаре? Секако!

Не крадете, не лажете, не бавете се со политика, работете утре повеќе од денес, сакајте, почитувајте, учете, усовршувајте се, барајте повеќе и очекувајте повеќе од себе си и оние околу вас, патувајте, запознајте ја својата земја, плаќајте данок, дишете длабоко, не фрлајте отпадоци, слушајте добра музика, научете да свирите барем една песна на било каков инструмент, кажете некому дека го сакате, утре кажете му повторно, пропуштете некого на пешачки премин, научете странски јазик, напишете писмо и пратете го некому кому одамна не сте му пишале, возете ролерки, научете да скиете на трева, нахранете Гугутки во парк, држете диета, грижете се за телото и вежбајте го умот со добри мисли!
Бидете слободни!
На слободни луѓе не им се потребни закони!

ФБ статус на Јани Бојаџи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...