Движењето "Бојкотирам" со директни пораки и до свештеници од МПЦ - ОА кои сметаат дека Договорите со Бугарија и Грција се добри за Македонската нација и Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 8:27

Бојкотирам со порака до МПЦ: “Ваше е предавството!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На листата носители на јавни – општествени и политички функции на движењето Бојкотирам се најдоа и свештеници од Македонската Православа Црква – Охридска Архиепископија.

Владиката Наум беше носителот на пропагандата за барање од Бугарската Православна Црква да ја признае МПЦ – ОА како нејзина ќерка црква – личен потег што наиде на осуда кај македонските верници но и во Светиот Синод на МПЦ – ОА.

Имено движењето Бојкотирам на Твитер се обрати со порака и до МПЦ – ОА во која истакнува дека она што го прават е предавството – прикриено со неспособноста да го одбранат македонското име и Уставот на Република Македонија.

За крај порачуваат дека името е идентитетот и дека Македонија има свое име. Во Твитот се прозвани директно отец Наум духовниот лидер на Зоран Заев познат како човекот кој неканонски повика БПЦ да и биде мајка црква на МПЦ – ОА и отец Гаврил.

Владиката Наум отворено ја поддржува идејата за односот мајка – ќерка со кој БПЦ би и била мајка на МПЦ – ОА но не ги разграничува ни верските со политичките убедувања па е чест домаќин на странски дипломати и амбасадори а беше домаќин и на премиерите Заев и Борисов кога јавно го поздрави и поддржа Договорот со Бугарија од чие имплементирање деновиве Македонија не може да крене глава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...

Револтирана од случувањата во државата последната година, таа вели дека Атиџе и документарецот не се реалноста за случувањата во оваа држава, туку актуелните рекетарски случаи и корупцијата.

Ганка Цветанова: Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликуваат македонската реалност

Поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска – Цветанова на својот Твитер...