Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 август, 2019 12:13

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Фото/Текст извор: ©лидер

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн.

Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија.

Tие велат дека традиционално за 8 Септември Македонците присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн.

Оваа година тие оваа церемонија ќе ја бојкотираат, ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име.

–Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки – велат Македонците од Мелбурн.

Тие потсетуваат дека откако е сменето името, претставниците на македонскиот конзулат во Мелебурн не побарале средба со Македонскиот совет.

–Ние сме Македонци, нашиот идентитет е македонски и нашата татковина е Македонија – пишува во соопштението.

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе која додава  дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“: Атиџе разочарана, и биле скршени 20 нови, а две стари трмки со пчели украдени!

Во интервју за mms.mk Атиџе Муратова, хероината на Медена Земја, која успеа да стигне и...

Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект.

ФИЛИПЧЕ: Фотографиите од вчерашната прослава се загрижувачки- не се почитуваа апелите!

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека се загрижувачки фотографиите кои...

КУРИР од свои извори дознава дека Бојко Борисов веќе тргнал во дипломатска офанзива за Заев кој му ветил дека ќе ги оствари бугарските барања. Лидерот на социјалистите и поранешен премиер Станишев веќе соопшти дека за Бугарија најдобро е СДСМ и Заев да се на власт. Од СДСМ е неразбирлив молкот на темата Бугарија.

ЗАЕВ ПОБАРАЛ ОД БОРИСОВ ПОДДРШКА ЗА ИЗБОРИТЕ- ЕВЕ ШТО МУ ВЕТИЛ ЗА ВОЗВРАТ!

Темата со блокадата на Европските интеграции на земјава се чини и дека не е толку наивна...

Денеска муслиманите го слават Фитер Бајрам, а по тој повод и претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите муслимани во земјава. Кон честитката за Барјам се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

РЕИСОТ РЕЏЕПИ: Прогласувам победа над коронавирусот!

По денешната молитва во Мустафа – пашината џамија во Скопје, Реисот Сулејман Реџепи...