По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19.

Објавил: Стојче Бушин | 25 октомври, 2020 16:12

Бојко Борисов заразен од корона!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови.

По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19.

Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ.

Борисов три дена по ред имаше негативен тест на коронавирус.

Тој и уште три министри од неговата влада отидоа во самоизолација, откако биле во контакт со заменик министерот на градежништво Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирусот.

Борисов во петокот замина во изолација, откако е информиран дека заменик министерот Нанков, со кој бил во контакт пред пет дена, е позитивен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Дедо Мраз да држи дистанца, редовно да ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.

Белгиската влада му напиша на Дедо Мраз: Држете се на дистанца, мијте ги рацете и носете маска

Рестриктивните мерки ширум Европа доведоа до тоа владите на многу земји да даваат...

Исто така, се наведува дека Хрватска силно ги поддржува напорите на НАТО за одржување на безбедноста во Косово, како и во поширокиот регион, пренесува Косово на Интернет.

ХРВАТСКА ИСПРАЌА ХЕЛИКОПТЕРИ И АРМИЈА НА КОСОВО: Тие тврдат дека Косово и Метохија е стратешко прашање за нив!

Владата на Хрватска на седницата на 19 ноември го усвои Предлогот на Одлука за учество...