Според него, на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан Радев „уште еднаш ќе излаже“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 октомври, 2021 8:21

Боpисов: Генеpации млади Македонци и Албанци во моментов ја мpазат Бугаpија

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов од состанокот на Европската народна партија (ЕПП) во Љубљана, упати остро критики кон претседателот на Бугарија, Румен Радев и привремената Влада што тој ја назначи, јави дописникот на МИА од Софија.

Според поранешниот бугарски премиер, пропуштени се многу месеци и многу време, а во исто време е создадена „голема тензија во Македонија, во Албанија и во целата ЕУ против Бугарија.

Бугарија пропушти многу месеци да ја објасни својата позиција, изјави Борисов, додавајќи дека „генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија“. Борисов е категоричен дека мора и може да се направи компромис.

 Тој секогаш ветуваше дека ќе се реши прашањето по изборите, но по кои избори? Тогаш тоа нема да зависи од него, туку од политичките партии што ќе владеат, додаде Борисов.

Тој потсети дека кога беше премиер беше потпишан Договорот за добрососедство и само за 15-20 минути Бугарија и Северна Македонија добија честитки од сите страни.

Сега диктаторот Радев мора да ја донесува својата одлука и да престанува да залажува дека ќе го реши прашањето по изборите. Ние добро ја браневме и објаснивме нашата позиција, па затоа го потпишавме Договорот за добрососедство. Но, да бидеме оптимисти. Можеби и ќе​​најде храброст. Може еднаш да преземе одговорност и да не се крие под здолништата на политичките партии, рече Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...