– Полека, полека, маже… Ај смири се малку и кажи ми што ти се случило и зошто ваков валкан ми влегуваш во канцеларија – му вели шефот, кој инаку, да се знае и тоа, не ја поднесува многу избраницата на нашиот јунак.

Објавил: Сара Фемина | 12 септември, 2019 18:27

БРАНКО ГЕРОСКИ: “ЧАВКАТА ВИ ГО ИСПИЛА МОЗОКОТ”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Решив да ви раскажам една чудна приказна, за едно наше маже, за едно неверојатно човече. За да нема никакви дилеми, уште веднаш, на почетокот, јас и вие, почитувани читатели, заеднички ќе се согласиме приказната да ја оставиме во светот на фикцијата. Бидејќи таа е толку неверојатна, што навистина е тешко човек дури и да се посомнева во нејзината евентуална заснованост на факти. Иако, ако малку се под распрашате, ќе се најдат многу сериозни луѓе што ќе ве убедуваат дека сѐ што овде ќе прочитате, од збор до збор, е чиста вистина.

Но, јас и немам намера ниту на себеси да си наметнувам, а уште помалку на вас, драги мои, да ви задавам обврска да истражуваме. Напротив, ќе ви ја раскажам оваа легенда со цел малку да се опуштиме и да се забавуваме, во ова тешко време, кога нештата и луѓето баш стануваат некако мртви сериозни. Повеќе мртви одошто сериозни.

Идеален пар

Како што знаете, во основата на големиот напор на секое маже да покаже натчовечка храброст и огромно јунаштво лежи едно женче. Поточно, амбицијата и успехот на неговата партнерка. Така е во животот, а богами така е и во политиката. Нашето маже оди во пакет со својата поубава половина. Добро, во смисла на габаритот (политички мислам), без своите три фртаља од пакетот тој е ништо. Во секој случај, станува збор за идеален пар.
Тоа е мојот омилен пар на Фејсбук. Првото што ќе го забележите таму, во таа виртуелна реалност во која нуркаме секојдневно, е следново – мажето и женчето изгледаат неприродно заљубени. И секој во себе поединечно и едниот во другиот. На сите фотографии тие двајцата или се гушкаат или милно се гледаат. Па тоа е ненормално, луѓе мои! Таа одвратна заљубеност на сите што киснеме на Фејсбук ни ги расипува ионака расклиманите бракови и врски. Ги гледаш двајцава и не можеш а да не им љубомориш и да не се прашаш – па кога ние ќе се сакаме вака?
А кога повремено ќе секнат нивните фотки на профилите – веројатно физички и психички се подготвуваат за новите фото сесии, ваквата заљубеност сепак мора да се тренира – тогаш тука се фотографиите од нивната прекрасна цветна и зеленчукова градина. Јас имам една неуредна бавча и можам одговорно да ви кажам дека таква може да биде градина за која се грижат или луѓе со безгранична меѓусебна љубов, која потоа се претвора и во љубов кон зарзаватот, или евентуално дело на некакви изнајмени работници со статус на затвореници во Аушвиц.

Беспрекорниот имиџ на удар
Конечно, својот беспрекорен имиџ во јавноста, освен со својата појавност (во која доминира љубовта како универзална порака), парот ја надополнува и со мудри и одмерени пораки, со разни гноми, пословици и цитати на познати филозофи и други мудреци, а задолжително со долги и емотивни честитки по повод сите знајни и незнајни верски, нацонални, анационални и разни други ирационални празници, кога добрите луѓе во политиката мора да им посветат должно внимание на своите идни избирачи.
Е добро сега… Во последно време некако на лошо им тргна на двајцата. Ама за тоа се виновни оние гнасни оговаранции по социјалниве мрежи, што ги злоупотребуваат Христијан Мицкоски, Антонио Милошоски и некои опозициски бунари на лажни вести, за наводната инволвираност на заљубениот пар во актуелните афери и други скандалозни собитија. Имиџот на мажето и на женчето, објективно, веќе е начнат, но јас сум убеден тие двајцата ќе ги совладаат тешкотиите, дека љубовта ќе победи и дека на крајот на сапуницата мажето и женчето ритуално ќе се земат (пак), по што ќе уследи општонародна веселба.
Надежта ја темелам на познавањето на женчето, имено на нејзините големи амбиции и на упорноста со кои тежнее да ги оствари. За тоа сведочи и политичката траекторија на овој лик, со многу „шарање“ од крајно десно до крајно лево во идеолошка смисла. Арно ама, за пожртвуваноста на мажето и за неговата намера по секоја цена да ја поткрепи амбицијата на својата партнерка дури и со неверојатни активности – не само со онакви за какви што деновиве беше жестоко оговаран! – јас навистина не знаев. И можеби затоа ми е тешко да поверувам во легендите за неговите неверојатни потфати. Од кои ќе ви раскажам само две…
Во лов на терористи…
Првата легенда се лиферува од самиот врв на една наша важна државна институција, каде што работи мажето. Се шири неверојатна приказна за тоа што се случило во канцеларијата на неговиот шеф. Така, според легендава, еден ден мажето, возбудено, забревтано и извалкано со кал од глава до петици (да, да, со обична земјена кал, не со метафорична), влетува ко ѓуле во канцеларијата на шефот и од силна возбуда не може да земе здив и да почне да раскажува што се случило.
– Полека, полека, маже… Ај смири се малку и кажи ми што ти се случило и зошто ваков валкан ми влегуваш во канцеларија – му вели шефот, кој инаку, да се знае и тоа, не ја поднесува многу избраницата на нашиот јунак.
– Шефе, види вака, извини, ама штотуку бркав двајца терористи. Се препнав трчајќи и паднав во калта, па не успеав да ги заробам. Но, ветувам дека ќе успеам следниот пат! – му вели мажето.
– Добро, добро… Ќе успееш ти, кога и да е. Ајде сега оди си дома, одмори се и алиштата однеси ги на хемиско – му вели шефот.
На излегување, секретарката го гледа под око мажето и потоа на шефот му реферира:
– Шефе, нашиве од обезбедувањево го виделе будалиов онде долу кај барата, како се мачка со кал пред да влезе во вашата канцеларијата. Човекот не е со сите…
Не, не и не! Ова ниту било, ниту може да биде вистина! И една флека калојна да имало на палтото на мажето, би било премногу. Не верувам во ова! Одбивам да поверувам во ваквите лажни вести и глупости! Се претера веќе и со лажењето и со паламудењето! Дајте малку поведро, дајте малку попозитивно да гледаме на работите!

Да се помогне во неволја
И така, драги мои, додека вчера се убедував себеси дека навистина е време да се вратиме во реалноста, која сепак не може да е олку сурова каква што ни изгледа и оти мора да е троа повесела, ми се јавува еден пријател.

Оговараме малку лево, па малку десно и оп, пак се фаќаме за мажето и за женчето. Пријателов ми раскажува наводно вистинита приказна за тоа како мажето се оправдало за доцнењето на свадбата на свој другар и соборец, инаку познат политичар. Така, нашиов јунак на зетот му објаснил дека по пат, на опасно место, затекнал две млади момчиња во неволја, со дупната гума на автомобилот и затоа морал да запре и да им ја смени гумата. А тоа, нормално, не е лесно. Јас, на пример, немам поим како се прави тоа.
Не, не и не? Хмм… Не знам. Пријателов се смее. Види какoв будала, вели. Ама мене веќе не ми е смешно. Знаете што, почнува да ми се допаѓа приказната. А оти бре да не било баш така? Замислете, нашиот заљубен јунак, нашиот мудрец со бисерите на Семе синапово, јури по патот да стаса на свадбата на својот пријател и таму некаде на опасниот превој, кога веќе се стемнува, а од некаде можеби и некаква луња се заканува, две млади момчиња се во страшна неволја. Им се дупнала гумата на автомобилот! Не можат да мрднат ни напред ни назад. Двајцата се неискусни, неспремни за ваков тежок живот и веќе ги фаќа очај.
Па што треба, мајку му стара, да стори мажето, што треба да се очекува од еден вистински професионалец од нашата државна администрација, сопруг на едно благонадежно женче политичарче, што би требало да биде мисијата на тоа наше дете дукадинче во ваква неприлика?

Да ги остави момчињата на немилост на судбината? Да им дозволи да тонат во безнадежност и да размислуваат дека сепак беше подобро да се иселат од Република Северна Македонија? Да дозволи да помине некој од ВМРО- ДПМНЕ да им помогне и така да се изгубат неколку илјади гласови на неопределените? Не, моментот бил да се засукаат ракавите.

И човекот ги засукал ракавите. Ја сменил гумата, ја извалкал белата кошула, но успеал и на свадбата да стаса. Може и бидермаерот го фатил, тоа не е утврдено, но е мошне веројатно.
А ако мажето е мажиште?
И тебе чавката ти го испила мозокот, ми вели пријателот и го затвора телефонот.
Но нееее! Јас сѐ повеќе се убедувам дека и онаа злобна секретарка на шефот на нашиов јунак, всушност, лаже. А што ако мажето навистина бркало терористи, па се препнало и паднало во барата? Орао пао, орао пао!

 

Добро, не мора баш да биле терористи, мајку му стара, па не е лесно човек да најде терористи, за да ги брка по улици! Но, кога добро ќе размислам, мошне е веројатно нешто друго да се случило. А нам не ни текнува на тоа, бидејќи сме под влијание на пропагандаta на опозицијата, ете затоа.
Во близината на неговата институција има една установа за лечење на онакви, како да кажам, што не се баш со сите.

Ова со извинување кон кон сите засегнати ранливи групи. И зошто не можело да се случи, на пример, по улицата да оделе двајца такви онакви, напросто со намера да појдат на контрола и по терапија, а нашиот јунак во нивните онакви, чудни погледи (да, да, чудни е добар, политички неутрален збор), да препознал намера и основано да се посомневал дека двајцата планираат терористички напад?

И можеби навистина почнал да ги брка, а оние двајцата, кога виделе дека тој што ги брка е поонаков и од нив самите, трчале колку што ги држат нозете, па мажето, не можејќи да ги превстаса, се препнало и паднало во барата баш пред портата на зградата на својот шеф.
А што требало да стори нашиот јунак? Да не ги брка? Да остави разноразни сомнителни лица да се врткаат околу најважната институција во државата? Кој ќе биде одговорен ако некој утре почне да тропа на вратата и да вика – отвори, отвори! Не дека тоа ни се нема случено. Па немојте, ве молам! Треба малку повеќе да имаме доверба и во нашите луѓе. Борбата за одбрана на демократијата не може да се сведе само на објави на Фејсбук. Треба да се сфати сериозноста на ситуацијата и да се засукаат ракавите. Конечно, треба и џандар да почне да збира. Како што беше најавено, впрочем…
Помислете само, што ако нашиот јунак не е обично маже, ами вистинско мажиште? А? Е тогаш, со извинување до ЛГБТ заедницата, ние не сме ништо друго освен, народски кажано, вистински пе..ри!
ПС. Деминутивите „маже“ и „женче“, нормално, се од милост. Да нема погрешни толкувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Од сите твоите Будимпештански писма кон нас Македонците, ми личат на писмата на Наполеон кон Жозефина, никогаш не прочитав една дума самокритика?! Барем еднаш да си бил грешка!!!

Миленко до Груевски: ДА МУ СЕ ИЗВИНИШ на Македонскиот народ и да ПОБАРАШ ПРОШКА, твојата непрофесионална политика не доведе до овие лај.а

Повеќепати сум напишал и сум кажувал дека ти дојде до изворот, ама вода не се напи! Ти...

А пред избори СДСМ има едноставна кампања: ветувања секому според потребите, земање кредити, билдање буџет и купување гласови. Буџетот за наредната година е четири милијарди евра! Заев сега троши 600 милиони евра повеќе од Груевски во 2016-та, последната година на власт. Тоа се нови 600 милиони евра кои владата ќе ги земе од нас, граѓаните и фирмите преку повисоки такси и даноци, од казни и секој ден нови и нови давачки.

Латас: Ги изедоа баклавите па ветуваат јуфки за сите

Баклавата ја изедоа, и сега пред нас стои само празната тепсија, што би рекол Заев, со...

Предлозите од типот “направи партија, ние ќе те гласаме“ се неизводливи, дури би рекол и несериозни. Оти тоа подразбира процес кој јас не сум способен да го изработам.

Миленко размислува да се кандидира за пратеник: Платата од функцијата нема да ја земам, ќе оди за социјални семејства!

Реално, многу размислувам дали да се кандидирам. Тоа дали, оди со прашањата како, со...

–Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

ГЕРОСКИ: Што е, другарчиња, цвикате од протестни собири, ќе воведете полициски час?

Новинарот Бранко Героски реагира на најавата на властите да воведат, како што вели,...