Атанас Илиевски, брат на Богдан Илиевски со пораки до пратеникот на СДСМ, т.н. независен граѓански активист Павле Богоевски на тема Северна ли е или не

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 9:01

Братот на Богдан Илиевски со порака до пратеникот Павле Богоевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Атанас Илиевски, брат на Богдан Илиевски, кој е обвинет за настаните во Собранието на 27-ми април 2017-та,  преку својот фејсбук профил испрати порака до пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, поранешен „независен активист“ на така наречената Шарена револуција.

Во продолжение интегрално статусот на Атанас Илиевски:

Вака пајче,

Прво Богдан не може да одговара за своите постапки бидејќи нема утврдена вина за неговите постапки односно не е осуден за никакво кривично дело.

Второ треба да имаш чист образ и да си достоен да му подадеш рака на Богдан… да Богдан се вика човекот на сликата на кого го држиш за рамо.

Трето, институциите гледаме каква работа “вршат”, а како ќе ја завршат не зависи ниту од тебе ниту пак и од твојот “шеф”… така да одлуката ти дали ќе држиш лутина или гнев воопшто на никој не му е битна, ти треба да се грижиш дали некој на кој “си му подал рака” ќе држи гнев и лутина на твоето фолирантско однесување кога народот ќе ја дознае вистината.

Четврто, за да кажеш дека овој процес е тешко и болно искуство за тебе… а да, не можеш. Ќе можеше доколку за сите важеа подеднакво законите и правните регулативи , и ќе одговараше како учесник во т.н. шарена. Но да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа и ќе имаш правни механизми и институции и ќе сакаш да ја докажеш својата невиност… е тогаш пајче ќе можеш да кажеш колку некој процес е тежок и болен.

Е тогаш можеби и некој ќе ти подаде рака тебе.

Петто, институциите (читај судовите, односно судиите) верувам дека и покрај сите притисоците ќе си ја завршат работата праведно и достоинствено, односно дека ќе им текне дека се тука за да служат на народот и во име на народот Република Македонија (сеуште Македонски но благодарение на вас можеби и не уште долго… Македонски), а за право на силата нема потреба да правиме муабет… се гледа манифестацијата на правото на силата преку вашето “за европска”, само “северна” го заборавивте некаде.

Шесто пајче, омразата може да роди само уште поголема омраза, а особено кон фолиранти и измамници.

И седмо пајче, кругот ќе заврши тогаш кога и ти и баграта “шаренолика” ќе одговарате за вашите дејствиа и постапки согласно позитивно правните прописи на Р.М. кои очигледно дека не ги познавате и сте ги прекршиле. Точно, омразата и насилството немаат место во нашата Република Македонија (читај ваша европска северна), но за тоа треба да мислиш пред за ги започнеш.

Не многу срдечно,

А.И.

Богдан Илиевски познат и по псевдонимот Бетмен велит, познат и влијателен по социјалните мрежи, беше еден од тројцата неформални водачи на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, заедно со режисерот Дамовски и оперскиот пејач Дурловски. Сите тројца се обвинети за настаните од 27-ми април 2017-та година за терористичко здружување и противуставно делување.

Од сите т.н. предводници на граѓанската иницијатива, само Илиевска стана член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ . 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски на фејсбук.

Пауновски: Благодарност до сите вработени, ви посакувам подобар директор

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени...

И не Игоре немаше да заврши тоа така како што ти мислиш и таквите ко тебе.
Туку кажете им Фала на истите тие кои ги сотревте од ќотек, нивната прибранист присебноста и здравиот разум ја смири состојбата нит полицијата на Чавков нит некој трет од страна Иггоре..

Ерол Ерко: Добро Игоре, а како им беше на децата на Зијадин и Зоран?

По вчерашната емотивна објава на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој за време на протестот...

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.

Мицкоски од протестот: Не смееме да премолчиме неправда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е денеска присутен на протестот за поддршка...