Кралското семејство денеска го придружуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата. По тој повод, принцовите Вилијам и Хари застанаа еден до друг.

Објавил: Македонка Димкин | 14 септември, 2022 18:43

Браќата Вилијам и Хари рамо до рамо го придружуваа ковчегот на кралицата до Вестминстерската палата

Фото/Текст извор: ©макфакс

Кралското семејство денеска го придружуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата. По тој повод, принцовите Вилијам и Хари застанаа еден до друг.

Ковчегот со телото на кралицата ја напушти Бакингемската палата, придружуван од кралот Чарлс, неговите браќа Ендру и Едвард, сестрата Ана, како и синовите.

Ковчегот на кралицата ќе стои 4 дена во Вестминстерската палата каде милиони луѓе ќе дојдат да се простат од неа.

Еден од највпечатливите и најемотивните моменти од поворката е секако сликата на браќата Вилијам и Хари.

Вилијам и Хари уште еднаш ги оставија настрана несогласувањата и застанаа рамо до рамо додека ја придружуваа својата сакана баба до Парламентот.

Нивните сопруги Меган и Кејт беа разделени, патувајќи во автомобилите позади. Кејт седеше во автомобилот со кралицата Камила, додека Меган седеше со Софи, грофицата од Сасекс.

Двајцата браќа чекореа рамо до рамо со тажни лица. Факт е дека оваа сцена ги враќа назад во времето по смртта на нивната мајка Дијана.

Нивните сопруги Меган и Кејт беа разделени, патувајќи во автомобилите позади.

Кејт седеше во автомобилот со кралицата Камила, додека Меган седеше со Софи, грофицата од Сасекс.

Тие две имаа и тажен израз на лицето додека стоеја една до друга во неколку наврати.

Се чини дека смртта на кралицата Елизабета успеа да го обедини кралското семејство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Имено, толпата ги пречека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, како и војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл.

Меган Маркл ги разбесни Британците: Сите тагувале, а таа го свртувала вниманието на себе!

Војвотката од Сасекс, заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари, ги поздрави граѓаните...