Лепа Брена и Боба Живојиновиќ го купија целиот кат во кулата што се гради во луксузно маало во Нов Белград.
Живојиновиќ одат таму најмалку два до три пати неделно и следат како се одвива изградбата, а исто така и редовно се консултираат со инвеститори и инженери за материјалите што ќе се користат за изградба, како и за тоа кој е најдобриот распоред.
Неодамна Виктор на Инстаграм објави и снимки од зградата, од каде се обезбедува поглед на целиот Нов Белград!
Се претпоставува дека Брена и Боба купиле цел кат во оваа зграда, бидејќи нивниот план е да го оженат нивниот помлад син.
Виктор е во врска со Сандра Милјаковиќ повеќе од една година, со која планира да живее заедно и да има семејство, па ова им изгледаше како идеално решение.
Живојиновиќ ќе имаат еден стан за себе, но сè уште не е сигурно дали ќе се преселат од вилата на Бежанијска коса!
Ако земете во предвид дека цената на квадратен метар овде чини од три до три и пол илјади евра на квадрат, со едноставна пресметка, тоа значи дека платиле најмалку 600 илјади евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.