Направете брзи и вкусни панцероти. Се топат во уста!
Доколку сте љубител на оброците со готово тесто, овој рецепт е идеален за вас. Не постои опција да не ви се погодат, а сите што ќе ги пробаат овие мали питички, ќе бидат задоволни од вашите кулинарски способности.
Состојки:
2 и пол чаши брашно
2 чаши јогурт
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
салама
фета сирење
доматен сос и оригано
Подготовка:
1. Измешајте ги сите состојки за тесто и замесете.
2. Направете шест топчиња и оставете да стасуваат околу дваесет минути.
3. Во меѓувреме подгответе го филот-сецкана чајна,издробена фета,оригано и доматен сос(неколку лажици)убаво измешајте ги.
4.Секое топче расучете го (околу 15 цм во дијаметар) и на едната половина нанесете од филот, преклопете и краевите втиснете ги со вилушка.
5. Вака подготвени панцеротите оставете ги околу 30 минути, премачкајте ги со изметено јајце и печете во загреана рерна на 200 степени додека почнат да се зацрвенуваат. -панцеротите може и да ги пржите во врело масло доколку така повеќе сакате.
Добар апетит!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.