Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

Објавил: Перо Милчин | 16 ноември, 2020 12:42

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови.

Тестирања ќе се вршат во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и во општата болница во Кичево.

Лаборанти од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, со цел во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена.

Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест.

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња.

Амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника

Нашите најмали ја заслужуваат најдобрата здравствена заштита и нега. Денеска, амбасадата...

Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

СЗО ДОНИРАШЕ ТРИ БИОСЕЈФТИ КАБИНЕТИ ЗА ИНСТИТУТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА И ИНСТИТУТОТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската...