Живот
Рецепти
Постојат разни рецепти за уштипци, но овие дефинитивно најбрзо се прават, па затоа се одлично решение за ненадејни гости.
Овој брз и едноставен рецепт, е идеален предлог за појадок или вечера за вашето семејство.

Состојки:
500 гр. брашно
200 мл. јогурт
200 мл. кисело млеко
2 јајца
2 лажички сол
1 пециво
според потребата масло за пржење
Подготовка:
– Одмерете го брашното, додадете ја солта, пецивото и измешајте. Додадете ги лесно сматените јајца со двете врсти млека, измесете меко тесто. На побрашнета површина расукајте кора која не треба да е многу тенка и сечете форми кои вие ги сакате. Пржете ги во не многу длабоко масло кое ќе го ставите да се грее на појака температура додека го сукате тестото, потоа намалете и пржете.
– Кој сака посолено, додадете уште една лажичка сол, макар да за мој вкус нема потреба. Кај мене секогаш од половина состојки, мал ми е бројот на консументите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.